Адвокатот Јанев: Југ ми рече дека не би можел да се погледне во огледало ако не им се приклучел на уставобранителите

1865

Во кривичниот суд попладнево продолжи судењето за настаните од крвавиот четврток. Адвокатот на обвинетиот Игор Југ, Сашо Јанев, рече дека кога почнал да го застапува неговиот клиент го прашал што правел таа вечер во Собранието. Југ му одговорил дека е срамота да гледа како баби и дедовци влегуваат во Собранието да ги бранат честа и Уставот на Р Македонија.

– Срамота е маж од 120 кила, кој себеси се смета за патриот, да не прави ништо и да гледа како баби и дедовци влегуваат за да ги одбранат Уставот и честа на државата – рече адвокатот на Игор Југ.

– Не би можел да се погледнам во огледало ако не им се приклучев на уставобранителите – му рекол обвинетиот на адвокатот.

Според тврдењето на адвокатот, Југ влегол во Собранието да спречи пуч, да го спречи неуставниот избор на претседател на Собранието и пеењето химна на туѓа држава, како и да го одбрани Уставот на РМ.

– Наводите на Обвинителството дека Игор Југ се упатил кон пратеникот Зоран Заев, посегнал по пиштол, а Заев бил заштитен од обезбедувачите Сашо Тасевски и Александар Трајков, како и од пратениците, се само празни зборови и чиста клевета, рече адвокатот на Југ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...