Џафери до Милошоски: Нема пари за кампања на секој пратеник поединечно

864

Водењето јавна кампања не подразбира дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво, појасни денеска Собранието откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски соопшти дека ќе го бојкотира референдумот и дека ќе бара пари за таква кампања од Собранието.

„До претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска пристигна допис од пратеник во кој го известува дека ќе учествува во јавната кампања за претстојниот референдум и дека бара да му се обезбедат средства за таа намена.

Затоа претседателот Џафери, во текот на вчерашниот ден, упати известување до пратеничките групи и до пратениците кои не се организирани во пратенички групи, во рок од три дена да го известат дали ќе учествуваат во јавната кампања и каков ќе биде нивниот став по референдумското прашање „за“ или „ против“. Врз основа на добиените податоци, пропорционално, Собранието ќе закупи медиумски простор за учество на дебатни емисии, пишани медиуми и интернет портали“, се наведува во објаснувањето од Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...