Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа

263

Како што се одвиваа работите ќе биде многу тешко да има промена и Договорот да не дојде во Парламентот. Единствено што можам да кажам е дека ние нема да гласаме „за“, вели поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, а сега пратеник во Нова демократија, во интервју за радио „Практорио ФМ“ за Договорот од Преспа.

– Кога доставивме иницијатива за гласање недоверба, јасно кажав да немаме сомнежи, штом владата продолжи кон потпишување на овој договор ќе постојат завршени работи. Веќе постојат, во смисла дека господинот Заев, и правилно од негова страна, ги презентира оние работи што ги доби – рече Бакојани.

Членови на најголемата грчка опозициска партија, но и претседателот, во изминатиот период, јавно го искажуваа нивното несогласување со решението меѓу Македонија и Грција и порачуваа дека Нова демократија нема да го поддржи Договорот од Преспа кога ќе дојде за ратификација во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...