Ждребот за УС Опен одреди: Федерер против Ѓоковиќ во евентуално четвртфинале

Ѓоковиќ е шести носител и започнува против Унгарецот Мартоњ Фучович.

174

Лидерот на светската АТП листа, Рафаел Надал (Шпанија) ќе ја започне одбраната на титулата на Отвореното првенство на САД во почетокот на следната недела против сонародникот Давид Ферер.

Ферер (36) е двократен полуфиналист на „Флешинг Медоус“ во 2007 и 2012 година.

Трикратниот победник во Њујорк, Надал оваа сезона ја зголеми сметката на 17 трофеи од „големата четворка“ по триумфот на „Ролан Гарос“.

Лидерот во долниот дел од шемата е петкратниот шампион и број 2 во светот, Роџер Федерер (Швајцарија). Маестро, кој на 8 август наполни 37 години, ќе игра во првиот круг против Јапонецот Јуичи Нишиока.

Освојувачот на овогодинешниот „Вимблдон“ и шампион во Њујорк во 2011 и 2015 година – Новак Ѓоковиќ (Србија) исто така се наоѓа во долниот дел од шемата.

Ѓоковиќ е шести носител и започнува против Унгарецот Мартоњ Фучович, откако потенцијално може да се сретне со Федерер во четвртфиналето. Двајцата за последен пат се сретнаа во финалето на „Мастерс“ турнирот во Синсинати претходно овој месец, а српската ѕвезда победи со 6: 4, 6: 4.

Во долниот дел е и бр.7 во шемата, Марин Чилиќ (Хрватска), кој триумфираше на терените во Њујорк во 2014 година. Тој ќе започне против романскиот тенисер Мариус Копил.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...