Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Сител изјави дека оние кои се за бојокот на референдумот се гласно малцинство со чиста идеја, но контаминирано со лажица фекалии налепени од некој друг.
– Има едно таканаречно гласно малцинство. Тоа се луѓето кои главно имаат повеќе изразен патриотски набој, луѓето кои се поекстензивно национално осознаени, кои имаат чиста мисла, а од одредена страна ја изгубиле довербата во институциите кои ги управува СДСМ и Заев. Тие велат како да му веруваме на Заев дека ќе спроведе кредибилен референдум. На овие луѓе некој од страна им залепи луѓе кои ќе ги контаминираат. Тоа би го опишал како буре со најчистата вода на светот, кога ќе им стават лажица фекалија. На оваа чиста идеја, на луѓе кои сакаа да го изразат својот револт на начин на кои се опредилиле, вие им лепите определена структура преку таканаречени партии кои ја контаминираат целата идеја. Тогаш вие се доведувате до ситуација дека ако вие бојкотирате ќе ви стават равенство на таа лажица – рече Мицкоски.