Летото во алпските предели ќе исчезне со стил, имено во повисоките предели се очекува во текот на викендот да наврне и до половина метар снег.
„Истрамет“ пишува дека температурата на воздухот на Алпите веќе неколку дена е помеѓу 4 и 8 степени над повеќегодишниот просек. Со надоаѓањето на ладниот фронт од северозапад на континентот, со создавањето на циклони во Џеновскиот залив, вредностите во кус рок ќе се намалат исто толку под просекот.
Во таква ситуација подрачјата над 2000 метри надморска висина ги очекува драстично заладување и нагло преѓање на дождот во снег кој ќе биде во поголеми количества.
На сливенечките Алпи се очекува и до 40 сантиметри снег кој ќе врне на температура од околу -2 степени.