Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ попладнево пред Владата симболично оставија неколку саксии со цвеќе, како што велат револтирани од висината на тендерот за хортикултурно уредување во вредност од 670 илјади евра.
– Премиере Заев, бидејќи сте огромен љубител на цвеќиња, не штедејќи пари кога станува збор за цвеќе, давате дури и 670 илјади евра од парите на граѓаните за набавка, ние УМС на ВМРО-ДПМНЕ Ви ги даваме овие цвеќиња гратис. Земете ги и заштедете некој денар од парите на граѓаните – велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.