Таквите никад нема да дозволат да се вратат штркоите…

1203
На две руки се броеја оние кои киднаа у странство у оноа време. Заакаа по Америки и Аустралии, а највише фаќаа џаде и пруги по Германии и Холандии, понекој у Франција и Италија, ама пак се знаеја кои се и колку се, бе. Овде онде по некој салам чоек меѓу нив, а све друго беше промути проспи и неокречи се сине, задњи део. И не оти им било тешко тука, него поеќето киднуева од шо мораа пошто УДБА ги одбра, а оние другине бегаа од државата заради тоа што ги гонеше власта. Првите масовни киднуења, уствари, беа од оние највеќите ситни деликвенти у Југославија, и државата им обезбедуеше пасоши и престој у иностранство за да не праат бељи овде. А оние одбраните од УДБА каобожемски беа трговски заступници на београдски ГЕНЕКС, генерал експорт импорт, инкубатор на тешки лопофчуги, бе, кои тераа светски бизниси со Титови пари, носеа у државата, крадеа и уживаа…
Ем ги ангажираа да шпијунираат за Југославија, ем да заработуат пари. Кога ќе дојдеа овде на летњи одмор, цело маало се збираше да им ги разгледуе лимузините, да ги распрашуе како се, како им е таму, и да им ги пипка фармерките и да се чуди. Види го, бе, мамицу му, овде беше никој и ништо, а после 5 години у Немачка се врати со мерцедес и со куп пари за да напраи куќа. Умре Тито, сите се вратија назад, мамицу им. И поебаа онолкава држава. Потврдените ајдуци станаа политичари и највеќи бизнисмени, а ситните криминалци, чувари на редот и мирот. И што сакаш поише да ти објаснувам?
Глеј што се дешава сеа. Нит знаеме колку отишле од државава, нит па гледаме кој од каде се вратил или се јавил. Сите мислат како и каде побргу да киднат од овде. Нема више ко некад бегање од дома заради тоа што те гони милиција, заради ова или она, нема више УДБА да ти обезбедуе пасош и да те праќа на каобожемска шпиунажа у странство као трговачки путник. Сега, сите глеат да фатат џаде надвор од државава за да најдат парче леб, мир и егзитенција. Нит власта ги гони нит државава. Ги бркаат ајдуците што се вратија од оноа време, и што пуштија корени овде. Ете, тие ги бркаат, пошто овие не можат да им се изначудат на простотилакот и неписменоста а располагаат со сите пари у државава. И со власта. После растурањето на Југославија, сите арамии од горе до доле се прибраа тука, и не мрднуат од овде, пошто, овде им е најарано, а сите други си го бараат чарето надвор. Апашиве овде крадат ко да се таму и мало више. Тука пљачкосуат, тука градат огромни хациенди, тука возат лудачки лимузини, тука им е све што им треба на секои ајдуци. И никој не се врти по нивните лимузини или им ги допира фармерките. Не. Сите се пример за дугорочна опасност у Македонија, и затоа младиве учени и приучени гледаат час поскоро да киднат од овде, било каде…
Кај си смеел, бе, на Ташко милицаецот у Центар, или на Мртви на Бит пазар, да му се приближиш на мање од метар без да те викне, еј? Или да не му дојдеш на дофат на шамар ако те викне? Тие луѓе знаеја дека униформата која ја носат не ги оцртуе нив, него, државата. Не ли ја почитуеш униформата, не значеше дека не го почитуеш Ташко или Мртви, или кој било у неа, тоа значеше дека не го почитуеш системот, дека не ја ебеш државата, а тоа, од нивна страна значеше, дека, не те очекуе ништо друго осим дека си наебал ко жута афричка мравка. Те прегазуат у прва рука док те довлечкаат до станица, а после. Еее, после, јебига. У оноа време, да опцуеш милицаец у униформа, ти мора да си тотално луд. Да му се закануеш? Абе ти може да си бил и Секретар на ЦК, пак си наебал. Абе тие те кршеа од ќутек док не признаеш. А чим признаеш, има бе да го папаш сосе балчак. А сеа, глеј, ако признаеш, си идеш дома ко ништо да не си напраил, џандар му се извинуе на насилник, и тоа у присуство на Министер. Кај го има ова, бе, брат, каде? Ова ли е таа деморкатија која ни ја постилаат со децении као врхунска вредност? Ова ли е закон, ред и мир? Ова ли е правда за сите подеднакво, а?
Знаеш што, опасна метафора имаше у онаа српскана серија, „Вратиќе се роде“. У едно мирно војвоџанско село доаѓаат мангупи ситни профитери на градоначалничка функција, а други мангупи од београдски улици се населуат у една куќа у селото, и се пролева крв до колена, додека стариов, секој ден иде на гроб на старата и ја убедуе дека и покрај се’, он веруе дека штркоите ќе се вратат. Мислеше на комуњарите. Еј, човек, Балканов е грдосија од извртени вредности кои у демократијава се распослаа ко прашњав тепих, неистресен со векови и го угуши регионов. Го памтиш ли оној у серијата, со куќа карабина, пушка двоцевка у руки, трактор и каубојски фармерки со прерамки, ништо не работи, ја малтретира жена му и не јебе жива сила, ама заработуе? Ископал мангупот дупка на влез у село, кај што му е куќата, ја напунил со вода, и секој што ќе помине со кола пропаѓа и заглавуе, док, итроманов чека на готовс со јужиња и трактор, и за 20 евра ти нуди извлекуење од калта. Ем те заглавуе, ем ти наплаќа, ем те тера да му се заблагодаруеш што те измкнал од кал. Е баш ваквите на Балканов, секаде се на власт, и кај нас…
Таквите никад нема да дозволат да се вратат штркоите… Миле, дај бокалчето…
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...