Луѓето кои ќе го поддржат референдумот се во рамки на статистичка грешка, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител телевизија.
Тој вели дека процесот на консултации за референдумот уште трае.
– Несериозно би било доколку би се затвориле во една канцеларија и би договориле од прилика како би бил нашиот став за референдумот и би излегле два-тројца од нас и би го бранеле тој став пред јавноста. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и логично е бидејќи на тоа го темели и своето битисување како организирана политичка сила во државата, логично е да излезе на терен и да се консултира со народот – вели Мицкоски.
Според досегашните анкети за расположението кај граѓаните, Мицкоски вели дека тие се поделени на три групи.
-Граѓаните се поделени на три групи- најмалата е онаа група која би излегла на референдум и би се изјаснила „за“ договорот, таа е во рамките на една статистичка грешка. Од прилика другите граѓани во Република Македонија кои се интервјуирани за време на акцијата „Лето за Македонија“ ги оставаат другите опции за размислување.
Mицкоски очекува стерилна кампања.
– Ние ќе докажеме дека идентитетот е вековно изгубен- рече Мицкоски.
Тој вели дека Заев ветувал зачувување на идентитетот, но тоа не се случи.