Од следната година се воведуваат две нови вакцини, најави на денешната прес-конференција во Владата, министерот за здравство, Венко Филипче.
Министерот рече дека во земјава се увазуваат безбедни и проверени вакцини.
– Вакцините се од реномирани производители од земји на Европската Унија (Франција, Белгија, Бугарија) одобрени производители од страна на СЗО кои ги исполнуваат сите потребни стандарди и квалитет – рече Филипче.
Според него, загрижува податокот дека опаѓа опфатот со вакцинација за одредена болест.