Миланов: Пратеникот Димовски махинално мавтал со рацете, не повикувал

416
Пратеникот Љупчо Димовски од ВМРО-ДПМНЕ махинално мавтал со рацете и тоа му била честа гестикулација, а не повикувал граѓани да влезат во Собранието на 27 април 2017 година.

На овој начин адвокатот на Димовски се обиде да го одбрани од обвинението дека покажувал да се отворат вратите на Собранието. Неговата одбрана со снимки од негови јавни настапи ќе се обиде да докаже дека тој постојано така гестикулирал со рацете.

– Судот ќе се увери од снимките кои ги доставивме, дека тоа го прави махинално и воопшто не е свесен за тоа – рече адвокатот Еленко Миланов.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...