Во Косово ќе може да се вози со македонска дозвола

Владата го усвои Извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

108

Се зголемува бројот на земји во кои македонски граѓани можат да возат со македонска дозвола. Наското македонската возачка дозвола ќе важи и во Косово.

Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конфеенција.

– Владата го определи Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во име на Владата на Република Македонија, да го потпише Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи – рече тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...