Владата за кампањата за референдумот ќе троши пари од сопствениот буџет и од буџетот на Генералниот секретаријат на Владата.
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека кампањата главно ќе биде водена врз основа на долгорочните стратешки цели за прием на земјава во ЕУ и НАТО.
– Ќе се објаснуваат придобивките од членство во ЕУ и НАТО, ќе ги објасниме точките од текстот на договорот со Република Грција и ќе ги повикаме граѓаните да излезат и да гласаат – појасни Бошњаковски.
Покрај ова, како што рече Бошњаковски, Владата ќе организира пресови, интервјуа, дебатни емисии, брифинзи за што нема да се трошат пари.
– Комуникацијата пак преку социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Фликр… ќе се реализира со 400.000 денари од тековен буџет на Секретаријатот – рече Бошњаковски.
Според она што е одлучено вчера, Владата ќе организира и директни средби со граѓаните.