ДС: Со буџетски пари не може да се води кампања против референдумот

Поради тоа, додаваат од ДС, сметаме дека доколку Парламентот се вклучи во кампања со буџетски средства, во никој случај не можат пратениците да водат кампања против референдумското изјаснување.

212

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека државните институции треба да водат информативната кампања за успешност на референдумот и имплементација на договорот помеѓу Македонија и Грција, како битни предуслови за членство во НАТО и ЕУ.

Во соопштението до јавноста од ДС наведуваат дека Владата и Парламентот на Република Македонија го дефинираа националниот и државниот стратешки интерес, тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ и за да се реализира тој интерес неопходни се уставни промени.

„Пред да се пристапи кон Уставни промени се организира консултативен референдум, при што треба да се има во вид дека Парламентот донесе Закон за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција и спроведувањето на тој закон ги обврзува сите пратеници, без разлика кој како гласал“, се наведува во соопштението.

Поради тоа, додаваат од партијата, сметаме дека доколку Парламентот се вклучи во кампања со буџетски средства, во никој случај не можат пратениците да водат кампања против референдумското изјаснување.

Според ова партија, секој граѓанин што препознава перспективи за Македонија со влез во НАТО и ЕУ, треба да се вклучи во референдумска кампања.

Оттаму додаваат и дека само со широка граѓанска и објективна информативна кампања ќе се мобилизираат граѓаните и ќе излезат да гласат на претстојниот референдум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...