Австрија има ист став со ЕУ кон Русија , изјави австреискиот канцелар Себастијан Курц, во обид да ги смири критиките по свадбата на шефицата на дипломатијата , каде гостин беше Владимир Путин.
Министерката за надворешни работи Карин Кнеисел танцуваше со рускиот претседател на нејзината свадба , што предизвика силни критики во јавноста со барање за нејзина оставка. Денеска канцеларот Курц даде изјава со која се обиде да ги смири изјавите на политичарите и во медиумите.
И Курц во саботата беше на свадбата со министерката , па дури имал и половина час за разговор со рускиот претседател.
– Нашето место во Европа не се смени поради една свадба. Нашата надворешна политика кон Русија е јасна. Помогнавме во создавањето и посветени сме во спроведувањето на одлуките на Европската Унија – изјави Курц.
Тој изјави и дека се надева на подобрување на односите со Русија преку интензивни разговори .