Во врска со изградба на подземна сообраќајница на булевар „Македонија“ во Скопје, Ве известуваме дека од вечерва во 18 часот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на булевар „Македонија“ и тоа на потегот од раскрсница улица „Јордан Мијалков“ – улица „Герман“ до раскрсница булевар „Македонија“ – улица „Новопроектирана 5“, соопшти МВР.
Возилата што се движат по улица „Јордан Мијалков“ и улица „Герман“ нема да можат да свртат лево по булевар „Македонија“, односно ќе мора да продолжат право по улицата „Јoрдан Мијалков“ и истите можат да се приклучат кон булевар „Македонија“ преку привремената улица пред крстосница со улица „Павел Шатев“.
Возилата што ќе се движат по булевар „Македонија“ на потегот од раскрсницата на улица „11-ти Октомври“ – булевар „Борис Трајковски“ ќе бидат пренасочени десно по улица „Новопроектирана 5“ и истите ќе можат да се приклучат на улица „Кирил и Методиј“.