Во врска со распишаниот референдум од Собранието, Владата одлучи да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот, базирана на принципите на објективност, транспарентност и рационалност, односно, поконкретно преку процес на планирана јавна комуникација за референдумот, соопшти Владата.
– Кампањата ќе се води за да се прикажат добивките за граѓаните од влезот на Македонија во Европската Унија и добивките од влезот на Македонија во НАТО. Објаснување пред граѓаните на Република Македонија на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство и повикување на граѓаните на остварување на правото на гласање на референдумот и на преземање одговорност за носење важни одлуки, стои во соопштението.
Вкадата за спроведување на планираната јавна комуникација за референдумот, ќе ги користи комуникацијата со и преку медиумите – соопштенија за јавноста, брифинзи, изјави, прес-конференции, интервјуа и ТВ и радио гостувања. Комуникација преку социјалните медиуми – Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Фликр и Јутуб, за кои активности Владата ќе реализира средства во износ од 400.000 денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата, а останатите комуникациски алатки ќе се реализираат во рамки на редовните владини активности. Активности од јавен карактер – теренски посети, неформални средби, состаноци, гостувања и учество на јавни настани.
Од Владата велат дека во спроведување на процесот на планирана јавна комуникација за референдумот ќе работат транспарентно и отчетно, согласно стандарди за јавни комуникации од интерес на јавноста – релевантност, објективнoст, пропорционалност и рационалност.