Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување на 80 милиони денари од тековната буџетска резерва кои ќе бидат ставени на располагање за спроведување кампања, врз основа на одобрен план, на Собранието, како овластен предлагач на референдумот, соопшти Владата.
Од таму додаваат дека ако не се потрошат сите пари тие ќе бидат вратени во Буџетот.