Минов од ГРОМ: Граѓаните слободно да одлучат како ќе се изјаснат на референдумот

1443

Панчо Минов од ГРОМ дел од пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека смета дека пратениците треба водат кампања со која ќе ги поттикнат граѓаните демократски, слободно да оценат дали ќе излезат и дали ќе се изјаснат на референдумот.

– Сметам дека најоптимално, најприфатливо решение за учество во кампањата е како пратеници на граѓаните кои се наш електорат, кои ги комуницираме, да оставиме слободно согласно своите оценувања и своите одлуки да учествуваат или да не учествуваат на референдумот, да се изјаснуваат позитивно или негативно за многу добро познатото прашање за референдум и многу добро познатите цели и последици кои произлегуваат од консултативниот карактер на референдумот и исходот од него – рече Минов.

Тој беше единствен пратеник во Собранието денеска кој даде изјава за медиумите во врска со тоа каква кампања треба да водат пратениците за референдумот. Останатите велеа дека го чекаат официјалното соопштение од координацијата на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери или дека немаат информација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...