Заев-Саити: Мора да го вратиме кредибилитетот на судските институции

137

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Здружението на судиите на Македонија што ја предводеше претседателот на здружението д-р Џемаили Саити, судија во Врховниот суд на РМ.

Саити изрази благодарност за можноста здружението да учествува во досегашните процеси за реформи во правосудниот систем, и изрази подготвеност здружението како организација, како и неговите членови, и понатаму да партиципираат активно во овие важни реформски зафати, соопшти владината прес-служба.

Судијата Саити на средбата истакна дека судиите и вработените во правосудството очекуваат реализација на предвидените најавени промени што треба да ги донесат најавените закони за судовите и за Судскиот совет, особено во делот на менувањето на сликата за судството, но и во делот на можностите за поголема финансиска самостојност и за усогласување на платите во правосудтвото соодветно за новите законски решенија.

Заев го поздрави досегашниот ангажман на Здржението на судиите во подготовката на реформските процеси и во креирањето на новите законски решенија за законите за судовите и за Судскиот Совет, и изрази надеж и увереност дека конструктивната соработка со здружението ќе продолжи и во фазата на јавната расправа за новите законски решенија.

Премиерот нагласи дека ја очекува натамошната ангажираност на Здружението на судиите на РМ и во периодот на имплементација на реформските закони во правосудството и дека секоја идеја, предлог и конструктивна критика за формирањето и за работењето на Советот за имплементацијата на реформите во правосудството, што ќе дојде од судиите, ќе биде многу значајно за да се врати кредибилитетот на судските институции. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...