Тешко повреден пешак, за брзо возење казнети 51 возач

158

Единаесет сообраќајки се регистрирани вчера на порачјето на СВР Скопје, а во четири од нив се повредени пет лица, меѓу кои со тешки телесни повреди се здобил пешак.

За пречекорување на брзината сообраќајната полиција санкционирала 51 возач. За возење под дејство на алкохол се исклучени двајца возачи, како и 17 пред да се стекнат со право на управување, а од сообраќај се исклучени и 10 технички неисправни и нерегистрирани возила.

За 58 возила се изречени мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 48.

Санкционирани се и возачи за поминување на црвено светло и неправилно престигнување, а за некористење заштитене шлем 11 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...