Сашо Тасевски нов директор на БЈБ

5207

Сашо Тасевски е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност, објави Press24.  Порталот се повикува на високи извори во МВР. Одлуката се очекува утре да помине на седница на Владата.

Тасевски, кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот кој извади огнено оружје за време на инцидентите во Собранието на 27 април лани, доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски, кој, пак, изгоре во аферата „МВР турс“.

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.

 

Фото: EPA/MAJA ZLATESKA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...