Мозес Али, првиот потпретседател на владата на Уганда и пензиониран воен генерал требало пред почетокот на средбата КЦЦА И Була со почетен удар да го означи стартот на новата фудбалска сезона.
Топката е поставена, Али фатил залет, успеал да шутира, но изгубил рамнотежа, се превртел на грб и остана без чевел.
По ова, настанала огромна смеа на трибините, како и војниците кои се наоѓале покрај Али кој има 79 години.