Никој не танцува со Путин неказнето! ВИДЕО

1420

Жестоки критики упатени до австриската министерка за надворешни работи Карин Кнеисл, бидејќи пред рускиот претседател Владимир Путин на својата венчавка се поклонила и поради тоа,  според критичарите, нанела штета на угледот на земјата.

Путин беше главна ѕвезда на нејзината венчавка, иако не се посебно добри пријатели. Кнеисл одигра танц со Путин и направила длабок „кникс“ односно се поклонила, и ова некои австриски медиуми го оцениле како штетно за Австрија.

– „Кникс“ на крајот на танцот е важен елемент на виенскиот танцувачки бонтон и израз на почитување -објаснил Роман Свабек, сопственик на школа за танц, која изминативе десет години го организира познтиот виенски Опернбал.

– Клекнувањето на министерката пред Путин е срамота – оценил „Дер Стандард“, додавајќи дека министерката ја изгубила веродостојноста поради начинот на кој се однесувала према Владимир Путин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...