Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека покрај исплатените плати на лекарите-специјализанти чија специјализација е започната од пред неколку години, во постапка е процедура за обезбедување пари за исплаќање на надоместоците за новите специјализанти.
– Тоа што беше проблематично е за специјализантите кои приватната специјализација ја почнаа оваа година и не беа влезени во пресметката што ја правевме лани за буџетот за оваа година. Во меѓувреме се обезбедија средства и за нив, но требаше да поминат повеќе административни процедури за тие да се доделат од Фондот за здравствено осигурување кон здравствените институции во кои специјализираат. Тоа ќе се случи до крајот на август или најдоцна во септември, посочи Филипче.
Додаде дека кога и да се завршат овие административни процедури, специјализантите ќе бидат исплатени ретроактивно, за сите месеци наназад, од моментот кога ветиле дека и тие ќе ги добијат средствата.