Птици урнале шведски борбен авион „Грипен“, пилотот се катапултирал

278

Шведскиот борбен авион ЈАС39 „Грипен“ се урна близу авионската база во јужна Шведска по налетот на птици, а пилотот се катапултирал и не е тешко повреден, објави војската.

– Пилотот со хеликоптер е пренесен на преглед во болница – изјавил портпаролот на шведските воружени сили, Јохан Лундгрен.

– Според првите сознанија, пилотот не се здобил со тешки повреди – додал Лундгрен.

Авионот се враќал во шведската воздушна база во Ронебиј кога на него налетале птици.

„Грипен“ е во составот на воздушните сили на Шведска, Унгарија, Јужна Африка и Тајланд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...