Домашните реформи ќе му дишат во врат на членството во НАТО

331

Владата денеска соопшти дека со македонскогрчкиот договор земјава го искачува најважното скалило за членство во НАТО, а дека во јануари 2018 ќе биде потпишан протоколот за членство во Алијансата.

На НАТО самитот одржан на 12 јули 2018 година во Брисел, на Република Македонија ѝ беше упатена покана за членство во НАТО. Од втората половина на 2018 започнаа пристапни разговори меѓу Република Македонија и НАТО, редовна постапка која се спроведува за сите земји членки.

„Полноправното членство на РМ во НАТО е на дофат. Нашата држава ќе стане членка на најмоќниот систем на колективна безбедност што обединува 900 милиони граѓани. Најсилните земји во светот ќе бидат наши сојузници. Со тоа ќе се реализира нашата стратешка цел. НАТО е најсилна гаранција за нашата стабилност, сигурност, неменливост на граници и зачување на територијалниот интегритет. Членството во НАТО воедно е важен предуслов за економски развој, странски инвестиции и просперитет“, се наведува во соопштението од Владата.

Во текот на пристапните разговори, Република Македонија ќе треба да потврди дека целосно ги прифаќа одредбите од основачкиот договор на НАТО и сите политички и правни стандарди на Алијансата, и да потврди дека го прифаќа процесот на одбранбено планирање на НАТО и врската со воените структури.

Република Македонија ќе треба да декларира посветеност и спремност дека ќе се придржува на политичките стандарди на НАТО, на одбранбените и воени прашања, дека ќе одвои доволно средства за имплементација на сите обврски, дека целосно ќе учествува во структурите на Алијансата и други прашања поврзани со безбедноста.

Република Македонија ќе треба да изрази спремност дека ќе пристапи кон сите формални договори кои се дел од корпусот на меѓународни договори, протоколи и правила на НАТО.

Паралелно со пристапните разговори, Република Македонија треба да изработи програма за продолжување на реформите. Програмата треба да даде рамка за продолжување на домашните реформи (на пример, владеење на право, независност на судство, борба против корупција и организиран криминал, реформи во службите за безбедност и разузнавање), како и целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и целосна имплементација на договорот со Грција.

Програмата треба да опфаќа и прашања поврзани со модернизација, реструктуирање, капацитети и интероператибилност на АРМ со воените структури на НАТО.

Програмата треба да има и дел за создавање правила и буџетска регулатива за да може РМ целосно да ги исполнува обврските кои произлегуваат од членството во НАТО, како и соодветни реформи и прилагодувања на безбедносните стандарди на НАТО.

Во јануари 2018 ќе биде потпишан протоколот за членство во НАТО и нашата држава ќе почне да учествува во НАТО структурите – но без право на глас. По потпишувањето на протоколот за членство започнува ратификацијата во сите 29 парламенти на државите членки на НАТО, согласно нивните домашни процедури. Ратификацијата трае околу една година, по што ќе станеме полноправна членка на НАТО. Ова е истата стандардна процедура за зачленување во НАТО што ја поминале сите земји членки до сега.

Во јануари 2019 ќе биде потпишан протоколот за членство во НАТО и нашата држава ќе почне да учествува во НАТО структурите, но без право на глас. По потпишувањето на протоколот за членство започнува ратификацијата во сите 29 парламенти на државите членки на НАТО, согласно нивните домашни процедури. Ратификацијата трае околу една година, по што ќе станеме полноправна членка на НАТО. Ова е истата стандардна процедура за зачленување во НАТО што ја поминале сите земји членки до сега. Владата, во блиска соработка со службите на НАТО, ги отпочна сите активности за реализација на пристапниот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...