Водата во повеќе прилепски чешми не е за пиење

82

Водата не е здравствено исправна за пиење од јавните чешми во прилепските населени места:  Волково, Прилепец,Чумово, Мало Рувци, старо Лагово, и од локалните водоводи во селата:  Алинци, Веселчани, Загорани, Ѓумушица, Тројкрсти, Чепигово, село Ерековци и Канатларци, информираат од прилепската локална самоуправа според податоците добиени од Центарот за јавно здравје.

Водата од овие чешми, според Центарот за јавно здравје, не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.

Од Центарот, вршат редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, онаму каде нема водоводи со кои стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“ од Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...