Во Зрновце отворена детска градинка за 60 деца

За нејзино опремување Министерството за труд и социјална политика издвои над 1,4 милиони денари, а парите за изградбата на објектот ги обезбеди општината.

122

Во општина Зрновци е отворена детска градинка со капацитет од 60 деца. За нејзино опремување Министерството за труд и социјална политика издвои над 1,4 милиони денари, а парите за изградбата на објектот ги обезбеди општината.

– Секое дете е важно и овозможувањето на услови за подобар раст и развој на сите деца е врвен приоритет на оваа Влада. Нашата цел е континуирано да ги зголемуваме просторните капацитети на детските градинки во земјава, но и да го подобриме квалитетот на програмите и да вклучиме што поголем број деца кои досега немаа можност да посетуваат градинка – изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која денеска ја посети новоотворената градинка.

Програмска цел на Владата e до 2020 година опфатот на деца во предучилишно образование да го зголеми за 50 отсто.

Низ Македонија досега се отворени 11 нови објекти, чија вкупна инвестиција од државата изнесува 37,3 милиони денари.

До крајот на годината е предвидено да се отворат уште 11 нови објекти со што сумата за изградба, адаптација и опремување на градинки за периодот од јуни 2017 заклучно со декември 2018 година, издвоена од државата, ќе изнесува 71 милион денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...