Зврлевски отвори адвокатска канцеларија

480

Поранешниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски отвори адвокатска канцеларија во центарот на Скопје.

Пријавата во Централниот регистар е одобрена вчера.

„Централниот Регистер постапувајќи по пријавата за упис на обезбедување на податоци преку едношалтерскиот систем на Адвокатска комора на РМ за адвокат Марко Зврлевски Скопје, согласно член 13,21 од Законот за едошалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица донесе решение со кое се одобрува пријавата“.

Во решението како приоритетни се наведени адвокатски дејности.

Зврлевски во јануари 2013 година е именуван за Јавен обвинител на Република Македонија која функција ја извршува до август 2017 година. Според податоците од биографијата на Зврлевски, тој две години, во периодот од 1998 до 2000 година, бил адвокат.

Собранието го разреши Зврлевски поради нестручно и несовесно работење и порaди тоа, тој нема право да се врати на претходното работно место, во Скопското јавно обвинителство.

Поранешните државни јавни обвинители, Љупчо Шврговски и Стеван Павлески, станаа адвокати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...