Граѓанско демократската унија (ГДУ) на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија им го честита големиот муслимански верски празник Курбан Бајрам.
„Нека празникот ви донесе благосостојба, бериќет и љубов. Празнувањето на Курбан Бајрам претставува и составен дел од традицијата во нашето општество. Токму оваа традиција е доволен поттик во иднина да продолжиме со добрата мисла, со меѓусебното почитување и разбирање и заеднички да работиме за просперитетот на нашето општество и земја. Честит празник!“, се наведува во честитката од ГДУ.