Популарната хрватска пејачка Северина Коиќ пред 14 години доживеа вистински шок на естрадната сцена кога протече нејзината наводно приватна снимка со експлицитна содржина, пишува „Курир.рс“.
Иако јавноста во најголема мерка го заборави тоа видео, а популарната пејачка во текот на годините го достигна заслужениот назив музичка дива, новите фотографии кои протекоа на интернет ја шокираа јавноста.
Имено, на еден интернет сајт осамнаа нови фотографии, а на нив Северина наводно повторно е сосема гола. Можеби е во прашање фотошоп или добра монтажа, но за кратко време овие фотографии кренаа голема прашина.