Променета трасата на автобуската линија „9“

Променета ќе биде и трасата на движење на автобуската линија „9“, во насока од Клиничкиот центар кон Скопје Север.

277

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ја промени трасата на автобуската линија „9“ и измести една автобуска станица.

Од претпријатието соопштија дека од утре (среда 22.08.2018 година), па во наредни 6 години, поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „Лимак“ се воведува привремен сообраќаен режим на булеварот Македонија (Јужен Булевар, зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“). Поради градежните зафати ќе се изврши и промена на трасата на линијата „9“, а ќе се дислоцира и една автобуска постојка.

Автобуското стојалиште на булеварот Македонија), кое што е во непосредна близина на катната гаража (наспроти седиштето на „Макпетрол“), привремено ќе се премести на улицата Јордан Мијалков (поранешна улица Железничка), по пешачкиот премин кој води до паркот „Урбан парк“.
Променета ќе биде и трасата на движење на автобуската линија „9“, во насока од Клиничкиот центар кон Скопје Север. Автобусите од посочената линија на крстосницата меѓу улицата Јордан Мијалков (поранешната улица Железничка) и улицата Герман, нема да вртат лево кон булеварот Македонија, туку, ќе продолжат да се движат право и истите подоцна ќе се приклучат кон булеварот Македонија преку привремена улица пред натпатникот на улицата Павел Шатев, при што ќе продолжат да се движат по постојната траса на линијата „9“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...