Заев: Македонскиот јазик ќе биде официјален во комуникацијата со ЕУ

311

Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот официјален профил на Фејбук во пресрет на информативната кампања и референдумот за договорот со Грција и зачленувањето во НАТО и ЕУ.

Премиерот Заев нагласува дека со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територија на која живеат половина милијарда жители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...