Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја има целосната поддршка на управата на клубот и покрај слабата игра на тимот во првите две рунди од новата сезона во Премиер лигата.
Манчестер во првото коло многу тешко стигна до победа над Лестер (2:1), а во неделата загуби од Брајтон (2:3).
„Тајмс“ пренесува дека португалскиот тренер ја ужива поддршката на раководството и на играчите и покрај шпекулациите за нарушени односи со некои фудбалери, како и негова смена во скоро време со Зинедин Зидан.
Од „Олд Трафорд“ негираат било какови разговори со Зидан.
Во 3.коло Манчестер го очекува уште еден тежок дуел, против Тотенхем на домашен терен.
ФОТО: ФК Челзи