Му се воодушевуавме на маркетиншкото попрскување врз нацијата, врз државата. Му ги симнувавме сите капи доле за да му оддадеме признание дека тоа го прави дрско ама беспрекорно. Му се восхитувавме на ептен бучавите авиони во низок лет врз мкд пучанството лансирани од Гоцевите тераси, раскарувајќи го меѓу себе, издвојувајќи ги противниците како предавници, подржувачите како единствени патриоти.
Противниците во притвор и затвор, поdдржувачите на државна цицка за 200 евра. Често пати во таа деценија, се наведнувавме пред сопствената немоќ, односно, пред неговата моќ од врвот на државата, моќ со која успеа да ја трансформира комплетната слика во Македонија како античка прилика пред која не смееме да потклекнеме, да се понижиме, да се предадеме.
Неговата умешност за спроведување ваква кампања ја нарекувавме на најразлични начини, Гебелсова, тоталитаристичка, популистичка, затапувачка или заглупувачка, ама, таа во зацртаните му рамки шибаше и по сувоземен и по воздушен пат врз државата. Дозите беа прејаки. И ден денес, после неговото повлекување од врвната позиција, ги чувствуваме последиците од неговата пропаганда. За да го реализира ова, немилосрдно ги арчеше народните пари. Еден дел од таа народна благајна ја празнеше за себе, друг дел за пропагандата и еден минимален дел, како надоместок на зависниците од попрскувањето во државно спастрената администрација, пак на наша сметка…
Да не беа бомбите на правите патриоти, мислам на оние патриоти кои со години си го ризикувале животот, не само сопствениот, туку и оние на најблиските, за да ги приберат доказите за начинот на неговото владеење, па да не беше храброста на Заев истите да почне да ги објавува, тој, с\ уште ќе владееше. Ќе станеше неприкосновен Султан во делот од Румелија. Никој жив немаше да може да го смени, освен тој самиот. Најверојатно таков му бил и планот. После него да дојде човек по негова нарачка, човек, кој, нема да чепка во неговиот начин на владеење, човек кој ќе го продолжи теркот на „успешно“ владеење, во најмала рака ќе ја гарантира неговата безбедност, онака како што неговиот претходник, стана и остана почитуван „бизнисмен“ од средна класа…
Заев му го смени концептот, му ги измести замислените насоки, му го поеба правецот на движење, му го покажа патот кон една државна установа која има задача да ги спроведува пенолошките принципи и да ги социјализира грешните. Се разбира, онолку години колку грешникот заслужува според судските пресуди. Заев му вети се’, ама правдата, пред сѐ…
Што се случува сега?
Реформите во правосудството се одложени за до крајот на годината. Беа врвен приоритет на Прибе, ЕУ и НАТО. Во мај оваа година требаше да бидат завршени…
Владата носи закони за арчење на народни пари за водење кампања. Исто како што оние претходните го правеа без закон…
Транспаренто се делат грантови и тендери, апла нелогични и сомнителни, а владата ги брани токму со транспарентноста, демек, сѐ што правиме се гледа и е на увид на јавноста, што не беше слика и прилика на претходните. Узми уби, па ме пушку…
Вистинските патриоти кои ги обезбедија доказите за начинот на претходното владеење, се обични, најобични граѓани, на улица. Препуштени сами на себе…
Само платените папагалски парамедиуми и јебиветарски поединци ги бранат потезите на власта, дури и оние, кои, не се бранат, бре…
Договорот со Грците и оној претходно со Бугарите се брани со кампањи платени со народни пари. И замислете. Со истите пари ќе се оправдува Референдумот, кој својата цел ја постигнал оној момент кога истиот бил распишан. Од тој момент, само самосвеста кај граѓаните одлучува, свест врз која, евентуално, зависи од пи-ар проценките, би можела да влијае кампања, ама платена со пари од џебовите на оние кои сакаат да ја водат, на оние кои треба да ја водат, а не од мојот, твојот, нашиот џеб…
И се прашувам: За кој мој красни курац, мене, тебе, вам, ни е потребна кампања за одбрана на референдумот, односно, за бојкот или против референдумот? Јас сум ЗА веднаш после потпишувањето на договорот со Грција, наполно исто како оние кои се ПРОТИВ или најавуваат бојкот, затоа што не се согласуваат со истиот договор. На референдумот, одлучуваме, ние, односно тие. Или ние или тие. Ондак…
Каде е разликата, бе другарице и другови са Комитета?
Власта не ја освоивте на избори, туку, со политичка игра на некој друг, кој продолжи да владее и со вас на истиот начин како што владееше со нив. И јас се израдував, без заебанција, затоа што него повеќе нема да го има. Сега најавувате дека Референдумот може да биде и неуспешен (исто како и изборите), ама Собранието на крај ќе одлучело ЗА или ПРОТИВ. Повторно политичка игра заради која ќе се поарчат милиони од моите и нивните пари!
За тоа ли се боревме?
И на крај, дајте бре, објаснете ни барем, како преку газот влегува различна памет во вашите глави, пред и по спуштање на истиот во функционерските фотелји? Преку транспарентноста? Јебала вас транспарентност. Ниту моето ЗА, ниту нивното ПРОТИВ, ќе го смените со арчење на нашите пари… Тенкју…