Трамп: Ако нема договор, премиерот на Израел ќе се вика Мухамед

964

Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со кралот на Јордан изјавил дека Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед ако нема решение за палестинско-израелскиот конфликт.

Израелскиот телевизиски канал 10 денеска објави дека тоа Трамп го изјавил во полу-шеговит тон, во Белата куќа во јуни при посетата на јорданскиот крал, а откако кралот Абдула рекол дека многу млади Палестинци сакаат „една држава со еднакви права”.

Телевизијата наведува дека Трамп му рекол на кралот Абдула дека ако не дојде до договор меѓу Палестинците и Израелците, за неколку години Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед.

Канал 10 соопшти дека тоа е потврдено од израелски и поранешни американски официјални лица кои присуствувале на состанокот, како и јорданската амбасада во САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...