Повеќе од 200.000 вмровци ќе му одбијат послушност на Мицкоски за референдумот?

7040

Две третини од членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот за името, кој ќе се одржи на 30 септември, но доколку таа дропка се претвори во цифра, тоа би значело дека повеќе од 200.000 гласачи на опозицијата не би го поддржале лидерот Христијан Мицкоски во евентуалната намера да повика на бојкот, пишува весникот „Слободен печат“.

Оваа информација, која партиското раководство наводно ја добило по теренските консултации со своето членство, панично го вклучила алармот и предизвикала една голема генерална чистка во вториот ешалон на партијата.

Од врвот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ категорично ги отфрлаат тврдењата и велат дека не одговараат на прашања што се базираат на шпекулации.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...