Две сценарија за 35.000 амандмани

891

Неизвесно е дали утре во Собранието ќе дојдат на дневен ред над 35.000 амандмани поднесени од опозицијата за Законот за јазиците. Во Собранието се лиферуваат две сценарија како да се одигра за амандманите.

Според првото, кое го протежира СДСМ, точката за Законот за јазиците ако утре биде на седница ќе се прескокне за да се даде уште една шанса за решение меѓу власта и опозицијата.

Според второто сценарио, кое го турка ДУИ, Законот за јазиците утре ќе биде донесен на пленарна седница.

Официјално од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека до крајот на денот на собранискиот сајт ќе биде објавено дали утре ќе биде закажа 32. седница на која се ставени амандамните.

Во текот на изминатите недели во јавноста излегоа повеќе информации од тоа дека амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за законот со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик, треба или ќе бидат повлечени, до тоа дека разврската би можела да биде со нивно групирање, дека дел од нив се неделовнички и слично. Но, до денеска попладне од пратеничките групи, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, неформално велат дека се уште нема договор како ќе се постапи и дали Собранието утре или воопшто ќе расправа за амандманите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери минатата недела на брифинг со новинарите кажа дека очекува скора разврска, а истата вечер во телевизиско интервју најави седница за амандманите најверојатно за вторник.

Претседателот најави можност за утре да биде закажано продолжение на две прекинати седници и тоа 11-та и 32-та на која се наоѓа и точката за Законот за јазиците, но на дневен ред на оваа седница има уште неколку точки за важни и итни предлог закони, посочуваат од владејачкото мнозинство.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...