Димитров во посета на САД

462

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, од денеска до 22 август ќе престојува во работна посета на САД.

Покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидени се средби на министерот Димитров со високи претставници на американската администрација – Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...