Скопјанец синоќа околу 22 часот е нападнат и ограбен.
Полицијата соопшти дека нападот е извршен на булевар Крсте Мисирков од страна на две непознати лица. Тие физички го нападнале С.С.(49) од Скопе, при што му одзеле чанта во која имал мобилен телефон, паричник и документи.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.