Во периодот од 2010 до 2016 година граѓаните на Косово платиле над 25 милиони евра за добивање виза во шенген зоната, покажуваат статистичките податоци на Европска комисија и на Евростат.
Во тој период поднесени се над 507.000 барања за виза, од кои 97.000 биле одбиени.
Цената на визите зависи од конкретната Амбасада, но најевтината е 35, додека најскапата е 65 евра.
Ратификацијата на Договорот за границата со Црна Гора е неиполнет услов за визна либерализација за косовските граѓании во Европска унија. Предвидено е во текот на неделата косовскиот Парламент да се изјасне за ратификацијата на Договорот за границата со Црна Гора.