На сите ни е добро познато како Хомер Симпсон изгледа, но неговиот лик како вистински човек е нешто што секој ќе го вознемири.
Хомер не се изменил многу изминативе 29 години и неговите фанови се задоволни и среќни поради тоа.
Уметникот Мигел Васкез познатиот татко го нацртал како вистински, жив лик и многумина преплаши. Човечкиот Хомер, според Мигел, добил огромни, крвави очи и голема, широка уста околу која се наоѓа неговата препознатлива брада, додека на главата му се наоѓаат ситни уши и малку коса.
Иако повеќето се согласиле дека делото на овој уметник е неверојатно, сепак на многумина им предизвика ноќна мора, па на Твитер се пожалиле.
– Супер, сега се плашам од Хомер Симпсон, Ова ужасно ме вознемири, Ќе имам ноќни мори – се само некои од коментарите.