Германски ресторан не прима деца за вечера

181

Еден ресторан на германскиот остров Риген забрани доаѓање на деца во вечерните часови.

Гости кои се на возраст под 14 години по 17 часот нема да може да јадат во ресторанот, бидејќи не знаат како да се однесуваат, велат од ресторанот, посочувајќи дека, при тоа и родителите не обрнуваат внимание.

– Децата ги вознемируваат гостите на соседните маси, ги влечат чаршафите и го превртуваат приборот – изјави сопственикот на ресторанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...