Фондот за иновации објави тендер за набавка на правни услуги за една година со проценета вредност од 1 милион и 230 илјади денари или приближно 20 илјади евра. Огласот е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки на 16 август.
Правните услуги опфаќаат и стручна поддршка при дефинирање критериуми за подобност на корисниците на Фондот од различни инструменти за поддршка, дефинирање процедури за финансиски исплати кон корисниците од инструментите за поддршка, усогласување на критериумите за доделување поддршка со одредбите од законодавството за државна помош…
Критериумот за избор е економски најповолна понуда.