Демократската унија за интеграција (ДУИ) апелира до дијаспората од нашата земја да го искористи правото на глас, регистрирајќи се да стане дел од изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија.
„Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август: https://dijaspora.sec.mk“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Партијата ги поканува сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспората, да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30-ти септември.