Селма блескаше како лустер на Оскарите

Нејзиниот стил ја вброи во најлошо облечените на свеченоста, коментираат критичарите.

1096

Глумицата Селма Хајек на синоќешното доделување на Оскарите имаше најскап стајлинг, објавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека само дијамантите на нејзиниот грб чинат 4,2 милиони долари.

Селма блескаше, но овојпат буквално. Исклучително заводлива и шармантна, таа успеа да го привлече вниманието на објективите, но сепак нејзиниот стил ја вброи во најлошо облечените на свеченоста, коментираат критичарите.

Долгиот светкав розев фустан во слоеви потсетуваше на барокен лустер, па според многумина, тоа ја уништила модната идеја на глумицата.

Екстравагантната „Гучи” тоалета, потпишана од дизајнерот Алесандро Микеле, била нејзин избор и идеја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...