Путин и Меркел разговaрале три часа

140

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа средба во палатата Мезеберг, што траеше три часа, а како што соопшти Кремљ, двајцата лидери оствариле сериозни и детални резговори.

– Беше тоа долг разговор, многу сериозен и детален – истакна портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, по синоќешната средба на Меркел и Путин.

Песков наведе дека Путин ѝ посочил на Меркел дека е подготвен да го продолжи дијалогот со германските компании.

– Путин и Меркел детално зборуваа за билатералните односи и со задоволство констатираа дека обемот на трговската размена меѓу двете земји е во пораст – истакна портпаролот на Кремљ.

Тој наведе дека рускиот претседател за време на разговорот ги повикал европските земји активно да помогнат во враќањето на сириските бегалци во нивните домови.

– Тие детално разговараа за сириското прашање. Путин укажа дека процесот за враќање на бегалците во Сирија треба постепено да се зајакнува и ги повика европските земји да дадат свој придонес со цел тој процес да биде неповратен – изјави Песков.

Тој додаде дека било отворено и прашањето за политичко решение во Сирија.

Фото: EPA/STEFFEN KUGLER / BUNDESREGIERUNG

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...