Мицкоски: Ако не е заштитен институционалниот не е спасен ни националниот идентитет

Mногу внимателно треба да се однесуваме во овие чувствителни моменти од историско значење за македонскиот народ, граѓаните на Република Македонија, но и за самата Република Македонија, смета Мицкоски.

634

Лидерот на опозицоната ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека кампањата за рефереднумот ќе биде стерила и тросмислена со цел да се дефокусираат граѓаните.

Во интервју за Алсат М, Мицкоски рече дека со договорот со Грција не е заштитетн институционалниот идентитет, а со тоа не е спасен ниту националниот идентитет.

–  Претпоставувам дека главен акцент ќе биде ставен на тоа дека го заштитиле идентитетот што апсолутно не е точно и во периодот кој што следи јас лично, но и моите соработници од партијата на оној простор кој што ќе ни биде оставен во медиумите ќе се обидеме да објасниме дека таа теза не е точна. Ако вие не успеавте да го заштитите институционалниот идентитет, тогаш како можете гордо да кажете дека сте го заштитиле националниот, бидејќи тие две работи се поврзани како две сврзани садови. Вие не можете да кажавувате дека сте го заштитиле националниот идентитет кој што се темели на институционалниот идентитет – рече Мицкоски.

Во врска со ставот на партијата за референдумот Мицковски рече дека сите опции се отворени.

-Затоа рековме јавноста благовремено ќе биде информирана каква ќе биде позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следува. Во една прилика не така одамна на годишнината од рамковниот договор јас кажав дека погрешен договор е многу полошо отколку никаков одговор. Така што многу внимателно треба да се однесуваме во овие чувствителни моменти од историско значење за македонскиот народ, граѓаните на Република Македонија, но и за самата Република Македонија – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...