ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори дали инсулинот е донација на невладината со која директорува

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат министерот за одговори- дали е донација инсулинот со многу кус рок на важност распределен на пациентите кои што се на инсулинска терапија во Република Македонија?

134

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министерот за здравство Венко Филипче директорува со невладина организација за донација на лекови со кус рок за држави од Централна и Источна Европа како и за државите од поранешниот Советски сојуз.

-Ваквите донации, компаниите донатори ги користат за ослободување од лекови со преостанат кус рок на употреба заради скапото понатамошно уништување на истите лекови. Затоа сега јавноста овој факт го поврзува со прашање со скандалот со распределбата на инсулин со кус рок во Република Македонија – рече на прес-конференција портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат министерот за одговори- дали е донација инсулинот со многу кус рок на важност распределен на пациентите кои што се на инсулинска терапија во Република Македонија?

Опозицијата бара одговор и на: Дали невладината организација со која директорува Филипче е „изворот“ на инсулинот со кус рок поделен на пациентите? и Колку чини уништувањето на инсулинот со кус рок по нивниот истек на рокот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...